Демонстрации во Сеул, учесниците побараа Владата да преземе акција во врска со водата од Фукушима

Во Сеул денеска се одржаа демонстрации на кои учесниците побараа од Владата на Јужна Кореја да преземе чекори за да се избегне, како што наведоа, катастрофата што се заканува поради испуштањето прочистена радиоактивна вода во Јапонија од уништената нуклеарна централа Фукушима.

Организаторите тврдат дека на протестот присуствувале околу 30.000 луѓе.

„Нема веднаш да видиме катастрофи како што е откривањето на радиоактивни материјали во морската храна, но се чини неизбежно дека ова испуштање ќе претставува ризик за локалната рибарска индустрија. Владата треба да најде решенија“, рече Чои Кјунгсук од организацијата која го следи нивото на радијацијат во Јужна Кореја. 

Треба да знаете
Последни објави