Пожарот во општините Чешиново-Облешево и Пробиштип интензивно се гаси од воздух

Пожарот кој од вчера доцна попладне беснее на територија на Општина Чешиново-Облешево, a се прошири и на територија на Општина Пробиштип, интензивно се гаси со воздухоплови, вели директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Огнените јазици се гаснат со два полициски хеликоптери и еден ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување, а вода се полни од браната Кнежево.

МИА претходно информираше дека и покрај напорите на пожарникарите, пожарот кој вчера  доцна попладне, започна на територијата на Општина Чешиново – Облешево продолжил да гори низ висока сува трева, грмушки и деградирана шума, со зголемен интезитет.

-Утрово пожарот се движеше во атарите на селата Врбица, Рајчани, Буниш и Турско Рударе а пред малку се прошири и на територијата на Општина Пробиштип движејки се во насока на квалитетна шума, вели Ангелов.

Во гаснењето на пожарот се вклучени и пожарникарите од ТППЕ-Кочани и Пробиштип.

Треба да знаете
Последни објави