Влаховиќ обезбеди реми за Јуве против Болоња

Српскиот фудбалски интернационалец Душан Влаховиќ го постигна својот втор гол во два меча, за да ги спаси калчолигашот Јувентус од незгоден пораз од Болоња (1:1) на „Алијанц стадионот“.

Гостите имаа водство од 24. минута од мечот кога Луис Фергусон го матираше Матија Перин, за потоа тимот на Масимилијано Алегри да се мачи да најде пат до голот на Болоња.

Влаховиќ прво ја затресе противничката мрежа во 52. минута и се израдува оти мислеше дека го израмнил резултатот, но неговиот гол беше поништен поради офсајд по проверката со ВАР, за во 80. минута да нема ваков сомнеж кога реализираше по одличната асистенција на младиот Англичанец Семјуел Ајлинг Јуниор.

Треба да знаете
Последни објави