На автопатот Неготино-Велес попладнево 21-годишниот Д.И. се излигал и паднал од мотоцикл.
СВР Велес и Итната медицинска помош ја потврдија информацијата и информираат дека екипа на Брзата помош се упатила кон местото на сообраќајната несреќа.
Портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев појасни дека во 17:55 часот на автопатот Неготино-Велес после мостот „Стоби“, мотоцикл управуван од Д.И. се излизгал и паднал на коловозот, а тој е пренесен во МЦ-Велес.



