Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) ќе проверува како фирма од Желино, блиска до ДУИ, доби тендер вреден 1,8 милиони евра од МНР со кое раководи Бујар Османи. „Еуровиа“ треба да изврши адаптација на СЦ „Борис Трајковски“ каде ќе се организира настан на ОБСЕ на кој ќе земат учество 70 министри за надворешни работи.
Оваа фирма од Желино е најголем донатор на ДУИ, матичната партија на министерот Османи, кој пак сега како македонски министер за надворешни работи ја извршува и улогата на преседавач со ОБСЕ.
„Еуровиа“ е во сопственост на Ељмедин Адеми, внук на поранешниот втор човек во ДУИ, Абдулаким Адеми. Фирмата донирала на ДУИ 1,85 милиони денари како правно лице, додека Ељмедин лично на партијата и дал нешто над 2,5 милиони денари.
Од МНР тврдат дека избрале најповолен изведувач од четири пријавени фирми за адаптација на салата „Борис Трајковски“, каде во декември ќе се одржи министерскиот состанок на ОБСЕ чиј предавач е Македонија.
Според договорот, ќе се поправа и ќе се поставува нова електрична инсталација, нова климатизација и системи за греење и ладење, ќе се поставуваат и болјерски единици за топла вода, ќе има партнерно уредување. Најмногу пари ќе се потрошат за адаптација на просторот и за мебел. Покрај главните сали, предвидени се десетина канцеларии за делегации, билатерални простории, пулотови за помош, прес-сали, но и простор за одмор, кафетерии, простор за возачи и вип простории. Од мебел, освен паноа, маси, пултови, ќе се набавуваат и троседи за релексација за делегати, коњопои, клуб масички и декорации за енетериер.