Полета и вториот хеликоптер кон скопски Илинден, пожарот се шири

Пожарот во Ајватовци се разгоре на два крака, информира директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Поради тоа ќе се вклучи и вториот хеликоптер на МВР.

Пожарот избувна вчера и се гаснеше непрекинато во текот на целата ноќ од страна на скопските пожарникари и доброволци од локалното население предводени од градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски.

Утринава беше локализиран, но пред неполн час, повторно се разгоре.

Треба да знаете
Последни објави