Барселона во меч со пресврти ја прокнижи првата гостинска победа сезонава

Актуелниот шпански фудбалски првак Барселона постигна првата гостинска победа во новата сезона во Примера, против Вилјареал во меч со пресврти 4:3. Каталонците имаа перфектен почеток на мечот и по само 15 минути игра поводеа со 2:0 со головите на Гави и Де Јонг. Потоа стигна одговорот на избраниците на Сетиен кои од 26 до 40 минута ја анулираа негативата со головите на Фојт и Сорлот.

Со резултат 2:2 се замина на пауза, а на почетокот од второто полувреме, во 50 минута „жолтата подморница“ со погодокот на Баена направи целосен резултатски пресврт 3:2. Барселона возврати преку „џокерот“ од клупата Торес во 68 минута израмни на 3:3, а Левандовски во 71 минута повторно и донесе предност и победа од 4:3.

Барселона сега има 7 бода, два помалку од лидерот Реал Мадрид кој е со максимален скор по три кола.

Треба да знаете
Последни објави