(Видео) Миовски реализира пенал во 100. минута, Абердин избегна пораз 

Македонскиот фудбалски интернационалец, Бојан Миовски постигна гол со кој Абердин избегна пораз на денешното гостување кај Сент Мирен во првата шкотска лига.

Абердин до 100. минута губеше со 2:1, кога Миовски ја презеде одговорноста и беше сигурен реализатор на најстрогата казна за конечни 2:2. Ова за Миовски беше втор лигашки погодок во новата сезона, а има постигнато голови во Лига Купот и Лига Европа.

Треба да знаете
Последни објави