Второпласираната селекција од последните ЛОИ во Токио, Франција ќе заврши со настапите на Светското кошаркарско првенство уште по настапите во првата група, откако денеска доживеа ново непријатн о изнеандување, овојпат од Летонија (88:86). За Франција ова е втор пораз по дебаклот кој го претрпе на стартот од мундијалот од Канада со 30 разлика во меч од групата пред два дена.
Франција цел меч водеше, пред крај на третата четвртина имаше најголеми плус 13 (72:59), во последниот период влезе со плус 12 (74:62) и на крај успеа да го загуби мечот. Летонија првпат поведе на 38 секунди пред крајот, откако дотогаш успеаа да ја стопат предноста на „триколорите“ на само поен негатива, па после фаулот во напад на Руди Гобер, Роландс Шмитс со две слободни фрлања ја донесе првата предност на мечот и на крај Летонците дојдоа до победа.
Французинот Фурние со 27 поени беше прв стрелец, но даде само два во последната четвртина, во составот на Летонија најдобар беше Жагарс со 22 поени, Шмитс постигна 20.
Франција во последното коло игра со Либан, ќе победи но нема шанси да се искачи на едно од првите две места кои водат во следната фаза на Светското првенство.