Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел ја пофали Македонија за лидерството и решителноста за спроведување на реформската агенда на ЕУ и давањето конкретни резултати. -Целосна поддршка на иницијативата за усвојување на уставни амандмани и покрај многуте политички предизвици, стои во објавата на Мишел во која е споделена и фотографија со македонскиот премиер, Димитар Ковачевски.
