Санкционирани 18 возачи под дејство на алкохол, еден со 5,01 промили

Вкупно 18 возачи под дејство на алкохол меѓу кои и возач од Прилеп кај кого се измерени 5,01 промили алкохол се санкционирани за време на засилената акциска контрола на подрачјето на СВР Битола што беше спроведена синоќа во периодот од 0:00 до 5:00 часот.

За време на контролата, како што информираат од МВР, биле санкционирани и 35 други видови прекршоци. 

Од МВР најавуваат дека и  во наредните денови ќе продолжат акциските контроли и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила за сите да придонесеме за безбедност во сообраќајот.

Треба да знаете
Последни објави