Шкендија од загубена позиција дојде до победа против Работнички во судиското продолжение

Екипата на Брегалница попладнево во Штип и го нанесе првиот пораз на АП Брера Струмица во рамките на 5. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Со максимален ефект продолжува Шкендија која во Маџари го совлада Работнички. Гостинот од Тетово, Шкендија остана со максимални четири победи од исто толку одиграни натпревари откако во драматичен финиш со два гола во судиското продолжение направи пресврт и славеше со 1:2.

Шкендија од загубена позиција дојде до победа против Работнички во судиското надополнување од шест минути. Тетовските црвено-црни беа пред пораз откако Кагиму во 28-та минута му донесе водство на Работнички. Како се ближеше крајот се наликуваше на прва победа по три години за „романтичарите“ во дуелите со Шкендија. Но, се случи чудо во судиското надополнување од шест минути во кои тетовци успеаа да дадат два гола и да направат комплетен пресврт за петти триумф по ред во пресметките со „романтичарите“. Бруно Дита во 90+1-та минута израмни, а потоа Дашмир Елези ја искористи лошата реакција на репрезентативниот голман Игор Алексовски за триумф.

ПРВА ЛИГА, 5. КОЛО

Тиквеш – Воска Спорт 1:1 (1:0)

Гасама 17 – Марушиќ 73

Брегалница – Брера 1:0 (1:0)

Венегас 27

Работнички – Шкендија 1:2 (1:0)

Кагиму 28 – Дита 90+1, Елези 90+6

Шкупи – Гостивар 3:1 (1:0)

Хоџиќ 26, Сахити 70, Воша 90+7 – Потук 64

Силекс – Македонија ЃП 2:2 (1:-2)

Ѓорѓиевски 44, Калановски 82 – Алексовски 44, Скендери 45+2

Струга ТЛ – Вардар ќе се игра на 1 ноември (13 часот).

ТАБЕЛАБрера 12 бода, Шкендија 12 (1 натпревар помалку)), Брегалница 9, Шкупи 8, Тиквеш 7, Работнички 6, Силекс 6, Македонија ЃП 5, Струга ТЛ 3 (3 натпреаври помалку), Воска Спорт 4 (1 натпревар помалку), Гостивар 3, Вардар 1 (1 натпревар помалку).

Треба да знаете
Последни објави