Во обид да го запали автомобилот со кабли истиот тргнал и смртно го прегазил

Во обид да го запали својот паркиран автомобил пред викендицата во светиниколско со помош на кабли, истиот се придвижил и смртно го прегазил сопственикот на возраст од 58 години, соопшти МВР.

-На 27.08.2023 околу 10.30 часот во Полициска станица Свети Николе било пријавено дека во месноста викана „Круши”, светиниколско, пред дворно место од викендица, З.М.(58) од Свети Николе во обид со кабли да го стартува неговото паркирано возило „голф” истото тргнало нанапред, и З.М. паднал, по што бил прегазен од возилото. Од здобиените повреди З.М. починал на лице место. Смртта е констатирана од лекар од итна медицинска помош, а по овластување на Јавен обвинител увид на лице место извршила увидна екипа од ОВР Свети Николе.

Телото на починатиот е предадено на семејството..

Треба да знаете
Последни објави