Градоначалничката Арсовски прифати да ја предаде Универзалната сала на Владата да ја заврши реконструкцијата

Универзална сала ќе ја преземе Министертсвото за култура. Градоначалничката Данела Арсовска се реши да ја предаде концертната сала на Владата за да се доправи. Откако Арсовска стапи на функција градежните работи беа прекинати и две години ништо не се работи на салата. Универзална е затворена пред седум години.

На седницата на Советот на Град Скопје која ќе се одржи в четврток Арсовска предлага точка за предавање на Универзална.

-Донираната проектна документација за реконструкција на Универзална сала, во периодот на мандатот на претходниот состав на Советот на Град Скопје (2017-2021), не соодветствува со состојба на терен при изведбата, нотирано со записници од 6, 7, 8 и 9 месец 2021 година. Поради тоа што нема можност да се продолжи со измени во тек на градба, затоа што законот тоа го дозволува само во случај на градба, а не и при реконструкција како во конкретниот проект, а соодветно на донесениот Заклучок на Советот на Град Скопје, како и во согласност со позитивните законски прописи, во надлежност на Советот на Град Скопје е да ја донесе Одлуката за пренесување на право на реконструкција, доградба и надградба на Универзална сала во Скопје, се вели во одлуката предложена од Арсовска.

Треба да знаете
Последни објави