Зеленски: Избори во Украина ќе има доколку западните земји обезбедат средства за нивно одржување

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека ќе дозволи одржување избори во таа држава доколку Западот обезбеди средства за тоа.

За одржување на избори во мирно време се потребни околу пет милијарди долари, а тешко е да се одреди колку тие би чинеле во време на војна.

„Логиката е дека ако ја браните демократијата, тогаш за време на војната треба да размислите за тоа, а изборите се еден елемент на заштита. Јас нема да одржувам избори на кредит, нема да земам пари од оружје и да давам на избори. Ајде тогаш заедно да ризикуваме. Набљудувачите треба да бидат во рововите“, рече Зеленски. 

Треба да знаете
Последни објави