Ковачевски по најавата на Мишел: 2030 година е остварлива цел за членство

Имам желба да дадеме се од себе во смисла на реформите, а во смисла на тоа дека ЕУ ќе најде и смогне сили да го стави проширувањето на својата приоритетна листа, истакна премиерот Димитар Ковачевски на Бледскиот стратешки форум.

-Уверен сум дека Северна Македонија покажа оти може да носи тешки и храбри одлуки и по секоја од нив излеговме како посилна земја и токму затоа во овој момент би рекол дека, во старата смисла од старите земји кандидатки, најдобри сме во многу аспекти во смисла на имлементирање на европското законодавство, микро финансиската стабилност, што е докажано од ЕУ и инструментите на ЕУ. Затоа велам дека 2030 е остварлива како цел, рече премиерот.

Ова следува откако претходно во текот на денот претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел истакна дека ЕУ ќе постави јасна цел и тајминг за процесот на проширување, односно до 2030 година. Според него страните, мислејќи на Брисел и на земјите-кандидати, мора да бидат подготвени за проширувањето предвидено во 2030 година.

Треба да знаете
Последни објави