Македонскиот вицепремиер за европски прашања Бојан Маричиќ кој е учесник на Бледскиот стратешки форим на својот Фејсбук профил напиша дека „2030 е годината која и ние ја определивме како целна година за членство во ЕУ, што е доказ дека со нашите европски партнери имаме иста цел“.
„После 10 години, денес во име на сите држави членки на ЕУ првпат се зборува за временска одредница за следното проширување. ЕУ во наредните месеци треба да ги донесе клучните одлуки за проширувањето на ЕУ и за забрзување на реформите и за олеснување на проширувањето, во рамки на европските правила“, вели Маричиќ, посочувајќи дека и ние треба да донесеме важни одлуки за иднината на државата и како сакаме да ја развиваме.
Според Маричиќ не станува збор само за државнички процес, или пак само за стратешка цел, туку дека се работи за иднината на нашите деца и за успехот на државата.
„ЕУ испорача временска рамка и дава извесна европска перспектива на регионот за евроинтеграција, затоа чекањето не треба да е стратегијата што ја бираме. Наша обврска е да го искористиме моментот и со заедништво да ги завршиме задачите, со посебен фокус на реформите, да побрзаме 2030 Македонија да е држава членка на ЕУ“, порачува Маричиќ.
Целиот текст од објавата во продолжение:
„ЕУ со нови држави членки до 2030, следниот чекор зависи од нас.
Европската Унија мора да е подготвена до 2030 за проширување, е пораката од претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел на отворањето на Бледскиот стратешки форум.
2030 е годината која и ние ја определивме како целна година за членство во ЕУ, што е доказ дека со нашите европски партнери имаме иста цел.
После 10 години, денес во име на сите држави членки на ЕУ првпат се зборува за временска одредница за следното проширување.
ЕУ во наредните месеци треба да ги донесе клучните одлуки за проширувањето на ЕУ и за забрзување на реформите и за олеснување на проширувањето, во рамки на европските правила.
И ние треба да донесеме важни одлуки за иднината на државата и како сакаме да ја развиваме. Не станува збор само за државнички процес, или пак само за стратешка цел. Се работи за иднината на нашите деца и за успехот на државата.
ЕУ испорача временска рамка и дава извесна европска перспектива на регионот за евроинтеграција, затоа чекањето не треба да е стратегијата што ја бираме.
Наша обврска е да го искористиме моментот и со заедништво да ги завршиме задачите, со посебен фокус на реформите, да побрзаме 2030 Македонија да е држава членка на ЕУ.“
Покрај обраќањето на Мишел, со воведно излагање настанот го отвори Тања Фајон, заменик претседателка и министерка за надворешни и европски прашања на Република Словенија, а по неа на присутните им се обрати и претседателот на Владата на Република Словенија, Роберт Голоб. Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ утре ќе учествува на панелот посветен на лидерството и иднината на Европа во новата геополитичка реалност.