Мишел: Земјите со јасна ЕУ перспектива мора да ги нарекуваме нашите „идни земји-членки“

Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел од обраќањето на Самитот во Блед истакна дека за да биде посилна и побезбедна Европската Унија треба да ги зајакне врските и да стане помоќна.

-Затоа сега е време да се справиме со предизвикот на проширувањето. И за нас во ЕУ и за нашите идни земји-членки. Да, верувам дека вака сега треба да ги нарекуваме земјите со потврдена ЕУ перспектива. Идни земји-членки. Време е да се ослободиме од нејаснотијата. Време е да се соочиме со предизвиците со јасност и искреност, рече Мишел.

Тој додаде дека патот кон ЕУ за Западен Балкан започнал пред повеќе од 20 години.

-Регионот е во срцето на Европа, опкружен со ЕУ. Тоа беше и регион кој излезе од конфликт по распадот на Југославија. Самитот во Солун, во 2003 година, ја потврди европската перспектива на Западен Балкан. Но, бавното темпо на ова патување во ЕУ разочара многумина. И во регионот и во ЕУ. Се согласувам со канцеларот Шолц кога вели дека Европа мора да ги исполни своите ветувања. Додека зборуваме, народот на Украина херојски ја брани својата земја, својата татковина, својата иднина. Кремљ не напаѓа само слободен и суверен сосед. Кремљ го напаѓа сето она во што веруваме – слободата, демократијата, просперитетот и соработката и меѓусебното почитување. Така, во јуни, минатата година, им доделивме кандидатски статус на Украина и Молдавија. И Грузија ја чека истиот статус кога ќе ги завршат неопходните чекори. Така што сега проширувањето повеќе не е сон. Време е да се оди напред. Има уште многу работа. Ќе биде тешко, а понекогаш и болно, за идните земји-членки и за ЕУ, кажа Мишел.

Треба да знаете
Последни објави