Приведен дилер, спроведен во затвор

Денеска (28.08.2023) околу 08.45 часот во гостиварски Равен, по потерница врз основа на судска наредба од Основен суд Гостивар, полициските службеници од СВР Тетово-ПС Гостивар го привеле Ш.Ј.(22) од Равен, кој бил баран за издржување на казна затвор во траење од 1 година и 6 месеци, за сторено кривично дело ,,недозволено производство и трговија со наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”, казниво по члени 215 и 216 од КЗ. Ш.Ј. е спроведен во КПУ Затвор ,,Идризово” во Скопје, за издржување на затворската казна.

Треба да знаете
Последни објави