Србија и Словенија лесно дојдоа до вторите победи во групите на Светското кошаркарско првенство. Србите со 94:77 го совладаа Поторико, а Словенците со 88:67 ја ппобедија Грузиј.
Србија дојде до уште една лесна победа иако имаше голем пад во третата четвртина. На полувремето Србите имаа предност против Порторико од 30 поени разлика (57:27). Србија има максимални четири бода, но в среда ќе игра со Јужен Судан, кој има една победа и теоретски е во конкуренција за втората фаза.
Богдановиќ и Јовиќ со по 17 поени беа најефикасни, Аврамовиќ постигна 15. Најдобар кај Порторико беше Пинеиро со 14 поени, Хауард постигна 13.
Словенија полесно од очекувањата ја совлада Грузија со 21 поен разлика (88:67). Убедливо најдобар на теренот беше Лука Дончиќ кој имаше дабл-дабл учинок со 34 поени и 10 скокови. Словенија има четири бода, во група Ф, но за официјален пласман во втората фаза ќе ѝ треба победа и над Зеленотртската Република, в среда.