Убиен полковник на украинската тајна служба, бил застрелан во главата

Полковник на украинската разузнавачка служба е пронајден мртов во неговата канцеларија во Киев, било потврдено за „Украинска правда“.

Полковникот бил пронајден со прострелна рана во главата.

„Околностите за смртта на вработениот во СБУ се истражуваат како дел од кривичната истрага спроведена од истражителите на Националната полиција на Украина“, соопштија од службата.

„Службата ќе и ја пружи сета потребна помош на полицијата за да се спроведе целосна, објективна и непристрасна истрага“, велат оттаму.

СБУ изрази сочувство до семејството и пријателите на починатиот полковник.

Треба да знаете
Последни објави