Македонска Каменица го одбележува Денот на рударите, Денот на Општината и верскиот празник Успение на Пресвета Богородица

Во Македонска Каменица денеска се слави тројниот празник на градот, Денот на општината, Денот на рударите и верскиот празник Успение на Пресвета Богородица. Голем број на верници од утрово ја посетија црквата „Успение на Пресвета Богородица“ каде по одржувањето на црковната литургија се помолија за лично здравје и здравје на своите најблиски. Отце Мартин од име на свештенството на сите верници им го честиташе празникот порачувајки мајката Божја да ги заштити сите православни христијани.

За тројниот празник на Макеоднска Каменица традиционално се подготвува ручек за верниците но и гостите намерници кои ги има од повеќе населени места.

 -Подготвуваме ручек за околу 200 граѓани. Да бидеме живи и здрави и догодина да се сретнеме, истакна еден од готвачите кои го подготвуваат празничниот ручек. 

Тројниот празник на градот вечер ќе се одбележи со настап на познати музички звезди меќу кои и српскиот изведувач Аца Лукас кој вечерва ќе настапи во градскиот парк во М.Каменица. 

Треба да знаете
Последни објави