Првиот човек на Европскиот Совет, Шарл Мишел испрати јасна порака за процесот на проширување. Тој, пред лидерите на земјите од регионот на Западен Балкан, на Бледскиот стратешки форум во Словенија, повика сите да бидат подготвени за проширување во 2030 година.
„Мора да зборуваме за тајминг. Мора да зборуваме за нашите домашни задачи. Имам предлог додека ја подготвуваме следната стратешка ЕУ-агенда ние мора да си поставиме јасна цел. Верувам дека треба да бидеме подготвени, од двете страни, до 2030 година за проширувањето“, изјави Шарл Мишел – претседател на Европски Совет.