Бесплатна работилница за фотографија за деца – уште еден предизвик на „Халки шарено лето”

Бесплатна работилница за фотографија наменета за деца од 8 до 14 години утре среда (30 август) во 18 часот ќе се одржи во Музејот на град Скопје. Ова е претпоследната од едукативните работилници што летово беа организирани во рамките на иницијативата „Халки шарено лето” поддржана од Халкбанк АД Скопје. 

На работилницата „Халки фотоавантура” учесниците ќе можат да дознаат повеќе за тајните на фотографијата и да ги направат своите први фотографии со помош на искусна фотографка, а заедно ќе создадат креативна Халки фотогалерија.

На оваа работилница децата треба да ги понесат своите мобилни телефони, затоа што со нивна помош ќе учат како се прават суперкул фотографии.

Треба да знаете
Последни објави