Грлиќ Радман: Отворање на преговорите меѓу БиХ и ЕУ до крајот на оваа или почетокот на идната година

Отворањето на пристапните преговори меѓу Европската унија (ЕУ) и Босна и Херцеговина (БиХ) се очекува на крајот на оваа или на почетокот на следната година, изјави хрватскиот министер за европски и надворешни работи Гордан Грлиќ Радман.

Тој рече дека наскоро може да се очекува почеток на пристапните преговори меѓу БиХ и ЕУ.

„Ако не до крајот на оваа година, што би било најдобро, тогаш сигурно на почетокот на следната година“, изјави Грлиќ Радман на новинарите на Бледскиот стратешки форум.

Тој изјави дека тоа бил хрватскиот предлог на последниот Совет за стабилизација и асоцијација во јули.

„Хрватска очекува позитивен извештај од Европската комисија за напредокот на земјите од Западен Балкан“, рече Грлиќ Радман. 

Треба да знаете
Последни објави