Изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека ЕУ прво треба да се рефомира, па да прима нови членки со различни брзини е само потврда за она што го говориме дека нема никакви гаранции дека дури и да се направат овие отстапки Македонија ќе продолжи на патот кон ЕУ. Грешка на нашата власт е што целиот процес го водеше брзоплето и со ветувања кои сега не може да ги испопни, изјави Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција.
Во однос на изјавата на Шарл Мишел за проширување на ЕУ во 2030 година, Митева на новинарско прашање одговори дека од друга страна ја имаме изјавата на Макрон што потврда за немањето на гаранции и дека власта сама на себе прифати обврски кои не може да ги исполни.