Прв уписен рок на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид

На Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид од денеска почнува првиот уписен рок за идните студенти.

Рокот за поднесување на документи трае до четврток (31 август) во периодот од 08 до 15 часот во просториите на УИНТ „Св. Апостол Павле“.

Повеќе информации за потребните документи може да се најдат во Конкурсот за запишување на студии од прв циклус, објавен на веб-страницата www.uist.edu.mk како и на официјалните профили на Универзитетот на социјалните мрежи.

Треба да знаете
Последни објави