Царината запленила камион со приколка во кој имало 17,7 тони тутун, а му била искината сајлата со пломба и прикриена со изолир-трака

Имено во саботата, на 26 август, на граничниот премин Богородица на влез во државава се пријавило товарно моторно возило со српски регистарски таблички управувано од српски државјанин. Царински инспектори од Одделението за оперативни работи го селектирале на детален преглед, при што се детектирани оштетувањата на царинските обележја – сајла со пломба.

Возачот се обидел оштетувањата да ги прикрие со изолир трака, и за истото не ги известил ниту македонските царински органи на влез во државава, ниту грчките царински органи кои требал да ги повика во моментот кога настанала штетата, со оглед на тоа што му била ставена грчка царинска пломба. 
По поднесена пријава до надлежниот суд, истиот донесе одлука за одземање на тутун во лист во вредност од 5,7 милиони денари поради прекршување на член 267 од Царинскиот закон, како и одлука за одземање на товарно моторно возило влекач во вредност од 806.191 денари и полуприколка  во вредност од 492.512 денари поради прекршување на член 269 од Царинскиот Закон.

Против возачот е поведена прекршочна постапка, а одземениот тутун, возилото – влекач и приколката ќе бидат предадени на Агенцијата за управување со одземен имот.

Со одлука на суд одземени се 17,7 тони тутун во лист, товарно моторно возило-влекач и полуприколка во вкупна вредност од 7 милиони денари, откако возач на товарно моторно возило на пат од Република Грција до Република Северна Македонија се обидел оштетувањата на царинско обележје – сајла со пломба да ги прикрие со изолир трака и за истото не ги известил царинските органи. Оштетувањата на царинските обележја создале услови за отворање на возилото во кое била сместена стоката при што постои можност за вадење на истата или пак ставање на друга стока во возилото при премин на гранична царинска линија со што се прекршува царинската регулатива.

Имено во саботата, на 26 август, на граничниот премин Богородица на влез во државава се пријавило товарно моторно возило со српски регистарски таблички управувано од српски државјанин. Царински инспектори од Одделението за оперативни работи го селектирале на детален преглед, при што се детектирани оштетувањата на царинските обележја – сајла со пломба.

Возачот се обидел оштетувањата да ги прикрие со изолир трака, и за истото не ги известил ниту македонските царински органи на влез во државава, ниту грчките царински органи кои требал да ги повика во моментот кога настанала штетата, со оглед на тоа што му била ставена грчка царинска пломба. 
По поднесена пријава до надлежниот суд, истиот донесе одлука за одземање на тутун во лист во вредност од 5,7 милиони денари поради прекршување на член 267 од Царинскиот закон, како и одлука за одземање на товарно моторно возило влекач во вредност од 806.191 денари и полуприколка  во вредност од 492.512 денари поради прекршување на член 269 од Царинскиот Закон.

Против возачот е поведена прекршочна постапка, а одземениот тутун, возилото – влекач и приколката ќе бидат предадени на Агенцијата за управување со одземен имот.

Треба да знаете
Последни објави