Новак Ѓоковиќ брилијантно го започна 17. учество на Ју-ес опен. Ѓоковиќ 17 пати учествувал на овој грен слем и има исто толку победи во првото коло. На стартот на турнирот Ѓоковиќ го победи Александер Милер.
Ѓоковиќ го декласира францускиот тенисер за 85 минути игра. Милер освои само пет гема, мечот заврши со 6/0, 6/2, 6/3.
Со оваа победа Ѓоковиќ од 11. септември повторно ќе биде број 1 во светот.
Во наредната рунда Ѓоковиќ за противник ќе го има Шпанецот Бернапе Запата Миралес, кој го совлада Американецот Итан Квин со 6:4, 6:4, 6:3.