Русија повторно одби напад со украински дронови на нејзина територија, соопшти утрово Министерството за одбрана во Москва на Телеграм.
Руската воздушна одбрана уништи две беспилотни летала над регионот Тула, на околу 150 километри јужно од Москва, се вели во објавата на Министерството. Информацијата не може да се потврди независно, пренесува ДПА.
Москва повеќе пати во изминатите неколку недели пријави слични напади со дронови, обвинувајќи го Киев.
Украина 18 месеци се брани од руската инвазија со помош на Западот. Москва со месеци користи дронови Шахед од иранско производство за да ја бомбардира соседната земја.