Во Габон изведен воен удар, поништени резултатите од саботните претседателски избори

Воени офицери се појавија на националната телевизија во Габон и соопштија дека ја презеле власта во земјата.

Офицерите соопштија дека ги поништуваат резултатите од саботните избори на кои претседателот Али Бонго беше прогласен за победник, јавува Би-би-си.

Изборната комисија соопшти дека Бонго освоил нешто помалку од две третини од гласовите на изборите за кои опозицијата тврдеше дека биле фалсификувани.

Треба да знаете
Последни објави