Бројни се придобивките што нашата држава и нашите граѓани ќе ги имаат од членството во ЕУ. Со приемот во ЕУ на Македонија и се отвора пазар од преку 500 милиони потенцијални потрошувачи, каде што македонските компании, под исти услови со компаниите од Унијата ќе може да ги понудат и пласираат своите производи и услуги, посочи на денешната прес-конференција Даниела Николова, пратеничка на СДСМ и продолжи:
-Процесот на приклучување кон ЕУ значи хармонизација на законодавството со европските норми и стандарди, што создава подобри услови за бизнис и инвестиции, европеизирање на македонскиот бизнис модел.
Тоа ги отвора трговските перспективи со потенцијал за раст на БДП, кој, според досегашните искуства, кај државите од ЕУ, во првите пет години по членството растел со стапки од 80 до 90 отсто.
Истовремено се отвора и пристап до европските фондови, каде на располагање се најмалку 10 милијарди евра за земјоделството, енергетиката, малите и средните претпријатија, инфраструктурата, образованието.
Членството во ЕУ значи и шанса за голем скок на платите и раст на животниот стандард на граѓаните, имајќи го предвид фактот што во првите пет години по зачленувањето во ЕУ, растот на платите во земјите членки на ЕУ изнесувал од над 50 отсто, па се до 100 отсто.
Ова се само дел од придобивките, кои се отвораат со членството во ЕУ за државата и за граѓаните.
Но Христијан Мицкоски и ДПМНЕ сакаат тоа да го блокираат.
Со противењето на уставните измени, а со тоа и запирање на европскиот пат и неотворање на преговарачките поглавја, ДПМНЕ работи против интересите на државата и на граѓаните, од кои над 80 отсто се за членство во унијата.
Блокадите на ДПМНЕ мораат да бидат поразени СДСМ заедно со граѓаните, заедно со проевропскиот блок ќе стори се за да се реализира стратешката цел – полноправно членство во ЕУ.