Повеќе од 50 интернационални и балкански артисти ја покажаа уметноста со бои во различни техники и стилови на првата интернационална конвенција за тетовирање „Skopje Tattoo Show 2023“ која се одржа викендов.
Артистите се натпреваруваа во повеќе категории и во двата дена беа прогласени победниците во соодветните категории. Победници од првиот ден беа Дамјан Клинчаров, најдобар во категоријата мала тетоважа, најдобар во заздравена тетоважа беше Срѓан Цетник и најдобра за првиот ден беше Јоана Фаферко.
Вториот ден се доделија награди за најдобра црно-бела тетоважа која замина кај Зоран Трајковски, најдобар во колор тетоважа беше Никола Стефановиќ, најдобар на денот беше Дамјан Клинчаров и наградата за најдобра тетоважа на конвенцијата ја доби Влатко Здравков.
Атмосферата ја загреваа музичките уметници DJ Goce, DJ Strajk, како и бендот Shugarfree.
Покрај мозика и тетовирање, на настанот се зборуваше и за психологија на предавањето на психотерапевтот м-р Ивана Хаџиманова на тема „Под површината: Психологијата и подлабокото значење на телесната уметност “, додека нашиот познат уметник Михаил Курбин имаше своја изложба.
Првата „Skopje Tattoo Show 2023“ конвенција послужи како платформа за поврзување на заедницата за тетовирање и да изгради трајни врски помеѓу учесниците. Настанот беше и од хуманитарен карактер, каде средствата собрани од влезниците ќе бидат донирани на децата кои им е најпотребно.