Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ, денеска, во врска со можна промена на визната политика на Европската Унија (ЕУ) изјави дека „мисли дека укинувањето на визната либерализација не е можно“.
Дачиќ, во врска со изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон за можното преиспитување на визната политика рече дека „тоа е закана упатена кон Косово, а не кон Србија“.
Дачиќ на ТВ Прва посочи дека се поставува прашањето што треба да направи Србија за членство во ЕУ.
За изјавата на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, дека ЕУ треба да биде подготвена да прифати нови членки до 2030 година, Дачиќ рече дека Србија сака да верува дека тоа е можно и реално, но дека има проблем со критериумите.
-Постои проблем со критериуми. Не е спорно дека треба да го правиме тоа што зависи од нас, но се поставува прашањето што точно треба да се направи. Не се работи за реформи во државата, туку за политички одлуки кои се однесуваат на други теми, рече Дачиќ.
Тој истакна дека „националните државни интереси се бранат насекаде“ и додаде дека Србија не може да го брани Косово без поддршка од своите пријатели.
-Косово и Европа беа две колосеци и наеднаш тие две колосеци се судрија. Треба да видиме што точно се бара од нас, рече Дачиќ.
Регионот на Западен Балкан е во „резервната чекална“, оцени Дачиќ, додавајќи дека нема причина да се чека со проширувањето на ЕУ.