Властите во Техеран доживотно суспендираа ирански кревач на тегови откако се ракуваше за израелски спортист за време на натпреварување во Полска.
„Федерацијата во кревање тегови доживотно му забранува на Мостафи Рајаи пристап до сите спортски објекти во земјата и го отпушта шефот на делегацијата на натпреварувањето Хамид Салехини“, соопштија иранските власти.
Ветеранот Мостафа Рајаи се ракуваше со израелскиот кревач на тегови Максим Свериски во саботата, откако двајцата стоеја на подиумот на Ворлдмастерс турнирот одржан во Полска.
Исламската република Иран не ја признава израелската држава и забранува какви и да е контакти меѓу спортистите од двете земји.