Од поширокиот список на Милевски експресно отпаднаа двајца кандидати

Македонскиот фудбалски селектор Благоја Милевски за претстојните два кавлификациски натпревари од групата за ЕП-2024 со Италија на 9 септември во Скопје и три дена подоцна на гости со Малта, избра 29 фудбалери, но експресно одпаднаа двајца кандидати од поширокиот списокот. Повратникот Марјан Радески и Дарко Чурлинов нема да бидат на располагање, а неизвесен е Валон Етеми.

Радески од редовите на шампионот Струга ТЛ има проблем со тетивата, повреда која ја здоби на последниот првенствен меч со Брера, додека Чурлинов после животната драма во јуни не доби дозвола од Барнли за да ѝ се приклучи на репрезентацијата. Етеми ја обнови повреда како во јуни и засега е крајно неизвесен за настап.

-Не случајно направивме поширок список со 29 фудбалери, од кои за жал тројца нема да бидат со нас. Радески има воспаление на тетивата, Чурлинов од лекарскиот тим не доби дозвола за да се приклучи на селекцијата, од подамна Костадинов не е достапен, а Валон Етеми се пожали на старата повреда од јуни, ама за него немаме официјална потврда, па е под знак прашалник, рече Милевски на презентацијата на своите избраници.

Во националниот состав има двајца дебитанти, Ахмет Иљазовски и Димитар Митровски, поранешниот младински репрезентативец на Македонија.

-Митровски и Иљазовски се повикани поради своите настапи во последно време. Посебно Митровски со своите игри во Вараждин се наметнува сериозно и затоа е повикан. Иљазовски, иако не ми беше долго време познат, дечкото во своите последни 4-5 години има забележителна улога во својот тим, моментно во оваа сезона е стандарден и должност моја е сите потенцијални репрезентативци да ги повикаме, да бидат дел од тимот и да направиме подетална проценка за неговите квалитети, додаде Милевски.

Македонскиот селектор го пофали и Александар Трајковски, еден од најискусните во тимот, за подготвеноста да се стави во функција на тимот, иако сѐ уште нема клуб.

-Трајковски е единствен кој сѐ уште е без клуб, но тој е професионалец, јас добро го познавам и изрази желба да е дел од тимот и да се стави во функција. Физички е повеќе од подготвен, но како за него, така и за другите фудбалери кои има проблеми со клубовите, ќе се направи подетална проверка и евалуација колку ќе може да помогнат, додаде Милевски.

На списокот останаа:

ГОЛМАНИ:

Столе ДИМИТРИЕВСКИ – Рајо Ваљекано, Шпанија

Дамјан ШИШКОВСКИ – Докса, Кипар

Игор АЛЕКСОВСКИ – Работнички

ОДБРАНА:

Висар МУСЛИУ – Падерборн, Германија

Ѓоко ЗАЈКОВ – Универзитатеа Крајова, Романија

Никола СЕРАФИМОВ – Фехервар, Унгарија

Јован МАНЕВ – Адана Демирспор, Турција

Езѓан АЛИОСКИ – Ал-Ахли, Саудиска Арабија

Бојан ДИМОСКИ – Акрон Тољати, Русија

Ахмет ИЉАЗОВСКИ – Хвидовре, Данска

Стефан АШКОВСКИ

Дарко ВЕЛКОВСКИ – Ал Етифак, Саудиска Арабија

СРЕДЕН РЕД:

Енис БАРДИ – Трабзонспор, Турција

Јани АТАНАСОВ – Краковија, Полска

Агон ЕЛЕЗИ – Вараждин, Хрватска

Аријан АДЕМИ – Пекинг Гуан, Кина

Елиф ЕЛМАС – Наполи, Италија

Давид БАБУНСКИ – Мезоковешд, Унгарија

Давор ЗДРАВКОВСКИ – Мадервил, Шкотска

Љупче ДОРИЕВ – Согдиана, Узбекистан

НАПАД:

Илија НЕСТОРОВСКИ – Асколи, Италија

Милан РИСТОВСКИ – Спартак Трнава, Словачка

Бојан МИОВСКИ – Абердин, Шкотска

Александар ТРАЈКОВСКИ

Дориан БАБУНСКИ – Грасхоперс, Швајцарија

Димитар МИТРОВСКИ – Вараждин, Хрватска

Ваљон ЕТЕМИ – Истанбулспор, Турција

Треба да знаете
Последни објави