Полесни тренинзи за САД и Србија против Јордан односно Јужен Судан на мундобаскетот

Кошаркарските репрезентации на САД и на Србија имаа полесни тренинг среди на Светското кошаркарско првенство во натпреварите од групите против селекциите на Јордан, односно Јужен Судан.

САД ја потврди фаворитската улога на мунбдобаскетот и без проблеми го растурија тимот на Јордан, убедливо со 48 разлика (110:62). Победникот во овој натпреавр од групната фаза беше решен во првиот дел, а потоа до крајот на мечот САД само ја зголемуваше предноста за трета победа за прво место во групата.

Едвардс беше најефикасен со 22 поени во тимот на САД, Холис-Џеферс кај Јордан со 20 кошеви.

И Србија немаше проблеми во дуелот со Јужен Судан во 3. последно коло од групата Б кој се одигра во Манила. На полувремето имаше предност од 17 разлика, за на крајот да победи со 115:83.

Јовиќ беше најефикасен со 25 поени, зад него Богдановиќ со 23. Србија со оваа победа го обезбеди првото место во групата и пласманот во втората фаза каде ќе продолжат по две селекции од сите групи.

Треба да знаете
Последни објави