Во борбата против илегална миграција – во првата половина од 2023 година имаме сузбиена 17 члена организирана криминална група напиша Спасовски.
-спречени се 5.018 обиди за илегални преминувања
-криумчарење на мигранти – откриени се 36 случаи на криумчарење на 286 мигранти, кривично гонети 28 лица
Благодарение на операционализацијата на ФРОНТЕКС Договорот помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија за оперативните активности спроведени од страна на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража во Република Северна Македонија, бележиме високи резултати во делот на борбата против илегална миграција.