Единствен европјанин кој што ги брани позициите на ВМРО-ДПМНЕ во моментов е нивниот бивши претседател Никола Груевски од Унгарија. Од Унгарија ги пишува своите статуси за ДПМНЕ во однос на тоа како треба партијата да се позиционира, рече во интервју за Канал 5 телевизија претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски.
Зборувајќи за посетата на високиот американски претставник Габриел Ескобар на земјава Ковачевски рече дека како клучен заклучок е дека САД цврсто стојат, заедно со ЕУ на ставот дека стратешки интерес и нивни и на ЕУ и на нашата земја е дека Северна Македонија треба да биде дел од ЕУ.
-Што се случувало на мојата средба со господинот Ескобар сите знаат бидејќи имавме прес конференција. Што се случило на средбата помеѓу господинот Ескобар и раководството на ДПМНЕ не знаеме бидејќи немаше соопштение, тоа треба нив да ги прашате. Меѓутоа она што остана како клучен заклучок од посетата е дека САД цврсто стојат заедно со ЕУ на ставот дека стратешки интерес, нивни, на ЕУ и наш, каде што сите три интереси се поклопуваат е дека Северна Македонија треба да биде дел од ЕУ. Второ дека САД за свои партнери ги сметаат оние политички партии кои што работат за интеграција на државата во НАТО и за интеграција на државата во ЕУ и се борат против корупцијата и криминалот. Господинот Ескобар ниту дојде некому да прави притисок, ниту дојде да презентира некакви планови, тој само дојде да каже дека нашиот прв и најважен политички партнер САД имаат исти интерес со нас, а тоа е да бидеме дел до ЕУ и не поттикна да ги донесеме потребните одлуки, рече претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски.