Комисијата за надзор на функционалноста на АКМИС во судовите изврши надзор во четири основни судови во државата,Берово, Крушево, Кратово и Куманово при што ги констатираше следните состојби :
– Нецелосно почитување на законските одредби за исклучување и вклучување како и изземање на судии од АКМИС
– Недоволен број на судии во помалите судови со основна надлежност
– Недоволен број на информатичари во судовите
– Неконтинуирано архивирање на предмети и немање соодветен архивски простор, се чуваат во подруми
– Нераспишување на огласи за вработување и унапредувања и покрај добиената согласност од страна на поранешни претседатели
– Тонското снимање главно не функционира
Ова се само дел од забелешките на Комисијата за извршениот надзор во првите шест месеци од годинава.
Министерството за правда и во наредниот период ќе остане да биде транспарентно и ќе ги објавува на својата веб страница сите записници од извршените надзор во судовите.