Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска ќе присуствуваат и ќе се обратат на пуштање во употреба на новиот објект „Први стапки“ во состав на детската градинка ЈОУДГ „Орце Николов“ – Карпош 3.
Како што најавија од владината прес-служба, потоа премиерот Ковачевски ќе изврши увид на градежните работи на Љубљански мост, во Карпош 4, до адреналинскиот парк.