Субвенции за вештачко ѓубре ќе има и оваа година

Премиерот Димитар Ковачевски денеска најави дека и оваа година најверојатно ќе се обезбедат субвенции за вештачко ѓубре во земјоделството.

Целта е, како што рече Ковачевски, да се обезбедат цени на производите соодветни за нашиот пазар и за стандардот на граѓаните.

-Русија заедно со скандинавските земји е најголем производител на вештачки ѓубрива. Берзанските цени на ѓубривата се значително, драматично покачени, а без доволно вештачко ѓубре приносите во земјоделството се намалуваат за 50 отсто. Зголемени се цените и на другите препарати. Најголем дел од нив доаѓаат од производствени капацитети кои користат нитрати, а нитратите се добиваат со помош на гас кој доаѓа од Русија. Поради прекинот на Северен тек, но и поради санкциите, а фабриките доминантно се скандинавски, намалено е производството на вештачки ѓубрива. Ние и тој дел го помогнавме минатата година, вештачките ѓубрива ги субвенциониравме. Истото ќе го направиме веројатно и оваа година за да може да обезбедиме цени кои ќе бидат адекватни на нашиот пазар и на стандардот на нашите граѓани. На тоа постојано се работи, нагласи премиерот по посетата на новата градинка во Карпош. 

Треба да знаете
Последни објави