Шефот на турската дипломатија во посета на Русија пред средба Ердоган – Путин

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денеска и утре престојува во работна посета на Русија.

Фидан изјави дека разговорите со неговиот руски колега Сергеј Лавров во Москва ќе бидат подготовка за средба меѓу лидерите на двете земји Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган.

Прашањата за кои ќе разговараме ќе станат подготовки за претстојната средба на двајцата лидери. Ќе разговараме за прашањето за продолжување на договорот за жито и за воспоставување праведен мир во Украина на мирен начин. Покрај тоа, на дневен ред ќе биде и ситуацијата во Сирија и Јужен Кавказ. Му благодарам на мојот драг пријател (Сергеј Лавров) за неговото гостопримство и топлото добредојде, рече турскиот министер за надворешни работи во воведниот говор пред почетокот на разговорите.

Треба да знаете
Последни објави