Комитетот на ОН повикува на откажување на патентите за вакцините против Ковид

 Комитет на ОН повикува „земјите од Северот, особено Германија, Швајцарија, Обединетото Кралство и САД да се откажат од правата на интелектуална сопственост на вакцините, методите на лекување или здравствените технологии поврзани со пандемијата предизвикана од Ковид-19“.

Комитетот на ОН против расизмот го критикуваше одбивањето на богатите земји, особено Германија, Швајцарија, Обединетото Кралство и САД да се откажат од правата на интелектуална сопственост за вакцините против Ковид-19.

На министерскиот состанок на Светската трговска организација (СТО) во јуни 2022 година, земјите-членки успеаја, по тешки преговори, да постигнат договор што им овозможи на земјите во развој, кои сакаат да го сторат тоа, да ги отповикаат патентите за вакцините против Ковид на пет години.

Тој договор не е доволен, смета Комитетот за елиминација на расната дискриминација, кој го сочинуваат 18 независни експерти чии мислења не се обврзувачки.

Комитетот верува дека Ковид-19 се уште е „сериозен јавно здравствен проблем чии разорни негативни последици несразмерно ги погодуваат групите и луѓето кои се ранливи на расна дискриминација“.

-Околу 32 отсто од светското население било вакцинирано барем еднаш, но во земјите во развој како Габон, Папуа Нова Гвинеја, Бурунди и Мадагаскар, тој удел е помал од 1 отсто, посочи Комитетот, цитирајќи податоци од Светската здравствена организација. 

Треба да знаете
Последни објави