Најмалку 41 член на холандскиот Долен дом имаат обезбедување поради онлајн или физички закани упатени кон нив. Тоа е повеќе од една четвртина од 150-те членови на Парламентот.
Податоците се засновани на истражување спроведено откако Сигрид Каг и неколку други политичари изјавија дека барем делумно ќе ја напуштат политиката поради заканите упатени кон нив.
– Ова е шокантно голем број пратеници. Тоа е директен напад врз нашата демократија, правната држава, врз сите нас, изјави холандскиот министерот за правда Дилан Јесилгоз-Зегериус.
Тој додаде дека покрај пратеници, посебни мерки биле одобрени и за многу адвокати, новинари, обвинители, судии и други.