По повод почетокот на новата учебна година, премиерот Димитар Ковачевски заедно со министрите за образование и наука Јетон Шаќири и за внатрешни работи Оливер Спасовски, денеска ќе го посетат Регионалниот центар за стручно образование и обука „Киро Бурназ”, во општина Куманово.
Станува збор за објект целосно реновиран и реконструиран, во кој освен редовна настава се одржува и неформално образование за возрасни, како и преквалификација за одредени струки.