Денес Министерството за надворешни работи до Државната комисија за спречување на корупцијата и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција- Скопје ја достави документацијата од целосната постапка за јавната набавка на работи за внатрешна адаптација и надворешно уредување на салата „Борис Трајковски”, за потребите на конференцијата на ОБСЕ. Во оваа прилика, Министерството апелира до надлежните институции да придадат посебно значење и приоритет на овој предметн, имајќи ги предвид импликациите кои се предизвикани со бројните шпекулации кои се појавија во јавноста.
Повторуваме: нема нерегуларности во постапката, неопходна за успешно одржување на најголемиот меѓународен политички настан во Скопје, во рамки на Претседавањето на земјата со ОБСЕ. Заради економично и ефикасно алоцирање на буџетот, условот за избор на најповолен понудувач беше најниска цена по прецизно дефинирани работи и ниво на квалитет на изведба. Од четирите понудувачи, избраната компанија имаше далеку најконкурентна понудена цена согласно очекуваните количини предвидени во техничката спецификација, односно:
Еуровиа – 93.746.070 ден. (избран понудувач)
Второрангирана – 120.668.981 ден.
Треторангирана – 134.015.461 ден.
Четврторангирана – 374.353.297 ден.