Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека поради уличен дефект вечерва од 19.30 часот има прекин во водоснабдувањето во делови од општините Карпош и Центар.
Дефектот е на ул. „Петре Пирузе“ бр.10, а прекинато водоснабдување имаат корисници на од улиците „Петре Пирузе“, „Ташкенска“ и „Хаванска“, како и дел од улиците „Варшавска“ и „Хелсинки“.
Прекинот во водоснабдувањето ќе трае до завршување на дефектот.