Македонскиот фудбалски интернационалец Енис Барди во новата сезона ја има довербата од хрватскиот стратег Ненад Бјелица кој го предводи турскиот Трабзонспор, а тоа му донесе самодоверба и добра форма, од што корист ќе има и репрезентацијата. Новиот капитен на македонскиот државен тим Барди пред дуелите со Италија и Малта од кавлификациите за ЕП-2024 во вечерашниот меч од турскиот шампионат против Касимпаша постигна два гола.
Трабзонспор победи со 5:1, а Барди беше еден од најдобрите на теренот. Постигна два атрактивни погодоци, првиот во 28 минута кога зголеми на 2:0 и вториот во 64 кога го доведе неговиот тим до предност од 4:0.
Овие погодоци беа први сезонава за Барди во одиграните четири кола.