Градоначалниците од редовите на СДСМ со својата работа и реализирани проекти на локално ниво се пример за успешна и посветена работа во интерес на граѓаните напиша Ковачевски.
За само две години, просечно во сите 17 општини раководени од градоначалници од СДСМ имаме веќе реализирани над 53% од ветените проекти пред граѓаните. Општините се развиваат и напредуваат.
Тоа е огромна разлика во споредба со неспособноста на градоначалниците на ДПМНЕ кои за 2 години немаат реализирани проекти и не работат ништо за граѓаните.
Ова достигнување ја одразува посветеноста на СДСМ за граѓаните.
Политиките на Владата се насочени кон рамномерен локален развој и економски напредок за подобрување на квалитетот на живот за сите граѓани.